Зеленски: Украински пилоти ќе се обучуваат во Франција
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека со францускиот колега Емануел Макрон вчера постигнал „многу важен договор“ за обука на украинските пилоти во Франција.
- Нашата коалиција на модерни борци станува се посилна, истакна Зеленски во своето видео обраќање, без да соопшти детали.
Зеленски посочи и дека со Макрон разговарале и за тоа што може Франција да направи за да го заштити украинскиот град и регион Одеса, клучен за извозот на жито.
Француското Министерство за надворешни работи минатиот месец објави дека ќе ја зголеми воената поддршка за Украина, особено во зајакнувањето на капацитетите за противвоздушна одбрана.
Франција нема борбени авиони Ф-16. Неодамна Данска и Холандија, и ветија на Украина воени авиони Рафал од француско производство и претходната генерација на авиони Мираж 2000.
Ново на Сител
-
Уапсен Ејуп Рустеми
-
Се шири истрагата за пожарот во „Пулс“
-
Владата ја запира постапката за разрешување на државниот обвинител
-
И угостителски и државни објекти за време на мораториумот ќе треба да отстранат неправилности
-
479 градежни фирми остануваат без лиценцата од министерство за транспорт
-
Мицкоски им врати на ДУИ - наместо сочувство ја политизираат трагедијата
-
Собранието ги откажа сите активности и оваа недела
-
Европски земји понудиле помош за подолготрајна рехабилитација на потешко повредените