Зеленски: Трамп нема план да стави крај на војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп нема официјален план за ставање крај на руската војна против Украина и додаде дека е подготвен за разговори со рускиот претседател Владимир Путин откако ќе се постигне разбирање за завршување на војната, пренесоа украинските медиуми.
„Се разбира, САД, претседателот Трамп и земјите од Европската унија веруваат дека дипломатијата е невозможна без Русија, без Путин. И затоа реков: Подготвен сум ако имаме разбирање за тоа како да заврши оваа војна“, им рече Зеленски на новинарите во Киев.
Кога станува збор за Трамп, Зеленски истакна дека се уште нема официјален план и дека е сигурен дека тоа што е објавено во некои медиуми не е официјален план на американскиот претседател, објави Киев Индипендент.
Зеленски посочи дека има разбирање за насоката на планот, откако разговараше за некои детали со американските претставници пред инаугурацијата на Трамп.
„Нашите тимови ќе работат заедно, не може да има план одвоен од никого, дури ниту од САД. Да почекаме официјални преговори и официјални резултати“, рече Зеленски.
Според медиумите, планот на САД ќе биде претставен на Минхенската безбедносна конференција, што ќе се одржи од 14 до 16 февруари, но пратеникот на Трамп за Украина, Кит Келог, го демантираше тоа, наведувајќи дека Трамп прв ќе го претстави планот, без да даде временска рамка.
Ново на Сител
-

Ѓоковиќ ја „освои“ Атина и 101.турнир во својата кариера
-

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката
-

Расправа за Предлог-буџетот за 2026 година во матичната собраниска комисија на 14 ноември
-

Договор Унгарија-САД: Изземање од санкции за руски енергенси, Будимпешта купува американски ЛНГ
-

Протест во Тузла, се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички
-

Ѓорѓиевски: Се чисти кејот на Вардар, се поставуваат украсни канделабри на плоштадот „Македонија“
-

ЕУ ги осуди израелските напади во Јужен Либан и повика на почитување на примирјето со Хезболах
-

Руте: Нуклеарните вежби покажаа дека НАТО има силни сили за одвраќање
