Ѓоковиќ ја „освои“ Атина и 101.турнир во својата кариера

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ забележа победа во финалето на АТП 250 турнирот во Атина откако го совлада Лоренцо Мусети од Италија со 2:1 во сетови по три часа игра. Ова за Ѓоковиќ е 101-турнирска победа и сега е на чекор зад Рожер Федерер со 103 и Џими Конорс, кој има 109.
Финалето на почна како што посакуваше Ѓоковиќ, откако ривалот го доби првиот сет со 6:4 во гемови. Но, српскиот тенисер го освои вториот сет со 6:3.
Во решавачкиот сет српскиот тенисер имаше предност. Прво направи брејк за водство до 2:1 во гемови, но Мусети изедначи на 3:3. Во следниот гем нов брејк за Ѓоковиќ и водство од 4:3. Но, кога сервираше за меч италијанскиот тенисер изедначи на 5:5.
Следуваше нов брејк на Ѓоковиќ во 11.тиот гем за 6:5 откако ја искористи четвртата брејк-топка. Во следниот гем на свој сервис без загубен поен ја искористи меч топката за конечни 7:5 во третиот сет.
За Мусети поразот во финалето значи дека нема да учествува на завршниот Мастерс што почнува утре во Торино.
МИА
Ново на Сител
-

Ѓоковиќ ја „освои“ Атина и 101.турнир во својата кариера
-

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката
-

Расправа за Предлог-буџетот за 2026 година во матичната собраниска комисија на 14 ноември
-

Договор Унгарија-САД: Изземање од санкции за руски енергенси, Будимпешта купува американски ЛНГ
-

Протест во Тузла, се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички
-

Ѓорѓиевски: Се чисти кејот на Вардар, се поставуваат украсни канделабри на плоштадот „Македонија“
-

ЕУ ги осуди израелските напади во Јужен Либан и повика на почитување на примирјето со Хезболах
-

Руте: Нуклеарните вежби покажаа дека НАТО има силни сили за одвраќање
