Заврши заложничката криза со египетскиот авион
Лицето, кое утрово киднапираше авион на египетската авиокомпанија „Иџиптер“, и се предаде на кипарската полиција.
Како што јави кипарската државна телевизија, киднаперот со кренати раце излегол од авионот и им се предал на полицајците распоредени околу леталото.
Според телевизијата, претходно од авионот излегле седум лица, за кои се претпоставува дека се преостанатите киднапирани патници и членови на екипажот на леталото.
По објавувањето на веста за предавањето на киднаперот, Министерството за надворешни работи на Кипар на својот официјален налог на Твитер објави дека заложничката криза „завршила“.
Египетскиот авион „Ербасот А320“, кој сообраќаше на релација Александрија-Каиро, беше киднапиран изутрината, по што киднаперот го принуди пилотот да слета на аеродромот во кипарскиот град Ларнака. Меѓу патниците во авионот, покрај Египќани, имаше и Израелци, Британци, Холанѓани и Американци.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ вечерва на митинг во Богданци
-
СДСМ вечерва на митинг во Ѓорче Петров
-
Тема на денот со Маја Мојсова, кандидатка на СДСМ за Карпош
-
Шаини: Мојата сопруга не стои врз мојот обид за убиство
-
Битолскиот суд одби да го стави Марковски во притвор
-
Обвинетиот кој со мотор усмрти пешак призна вина
-
Кандидатите за градоначалници за Скопје со бројни ветувања за подобар град
-
Партиските изборни карвани со нови ветувања за поубави општини