Заврши заложничката драма во Дака убиени шестмина напаѓачи и 20 заложници

Вооружените напаѓачи во Дака убиле најмалку 20 цивили, кои претходно ги имаа земено за заложници во еден ресторан, а повеќето од жртвите се убиени со ладно оружје, изјави портпаролот на бангладешката војска, бригадниот генерал Најим Ашфак Чаудури.
-Пронајдовме 20 тела. Многу од нив се брутално избодени со остро оружје, рече Чаудури, кој не наведе од која националност се жртвите, пренесоа француските медиуми.
Тој наведе дека во операцијата на безбедносните сили биле спасени 13 заложници, вклучувајќи еден Јапонец и двајца државјани на Шри Ланка.
Бангладешките безбедносни сили утринава ја завршија 12-часовната заложничка криза, упаѓајќи во ресторанот во кој напаѓачите држеа десетина заложници во текот на цела ноќ и притоа убија шестмина од напаѓачите.
Полицијата наведе дека најмалку 13 заложници,вклучувајќи и тројца странци, се ослободени кога командосите ја презеле контролата врз ресторанот во богатиот кварт Гулшан во Дака.
Покрај тоа, на почетокот на заложничката криза погинааа двајца полицајци во борба со напаѓачите, кои биле вооружани и носеле експлозив.
Таканаречената Исламска држава ја презеде одговорноста за овој напад, што следи после повеќе убиства на припадници на верски малцинства, странци и либерални активисти во мнозински муслиманскиот Бангладеш.
-Операцијата е завршена. Ситуација е во целост под контрола, изјави Рашидул Хасан.
Командантот на елитниот Батаљон за брза акција, кој го изведе упадот во ресторанот, изјави дека локалот е расчистен, но дека е можно некои напаѓачи и натаму да се на слобода.
-Убивме шестмина терориста. Главното подрачје што го држеа под контрола е расчистено, но можно е некои од нив да побегнаа, рече командантот Тухин Мохамад Масуд.
Ново на Сител
-

СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од 9 милиони евра
-

Уставните судии имаат три опции за линеарното зголемување на пензиите, вели Мицкоски
-

УЈП прави напори парите од МојДДВ да се исплатат до крајот на неделава
-

Родителите трошат годишно во просек од 160 000-200 000 денари за да одгледаат дете
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжува судењето за пожарот во Пулс
-

Мицкоски: Силна поддршка за Сејф Сити
-

Ѓорѓиевски: Скопје ќе има безбеден сообраќај
