Преглед на вестите од светот
Петчасовните разговори меѓу Путин и американските преговарачи Стив Витков и Џаред Кушнер во Моксва не донесоа пробив кон мировен договор за Украина, иако беа оценети како конструктивни. Биле дискутирани територијалните отстапки за Украина, без кои руската страна не гледа крај за војната. Иако деталите од состанкот не се објавени , Кремљ соопшти дека некои американски предлози се прифатени , а некои не.
- Вчера нешто беше прифатено, нешто беше отфрлено како неприфатливо. Тоа е нормален работен процес во потрага по компромис. „Ние високо ја цениме политичката волја на Трамп да продолжи да наоѓа решение за мировно решение на Украина. Сите сме подготвени да се сретнеме онолку пати колку што е потребно за да се постигне мирно решение, изјави Дмитри Песков, портпарол на Кремњ.
Спроед државниот секретар на САД главната пречка на спор во руско-украинските преговори е област од околу 30 до 50 километри во Донецката област која е под контрола на Киев. Американските преговорачи Витков и Кушнер ја откажаа за денеска планирана средба со укрианскиот претседател во Брисел. Во мегувреме претставниците на Европскиот парламент и Советот на 27 земји-членки на ЕУ се согласија да престанат да увезуваат гас од Русија најдоцна до 1 ноември 2027 година. Оваа суспензија ќе се спроведува постепено во текот на следните две години.
Земјоделците од северниот дел на Грција денеска повторно го блокираа граничниот премин Евзони за влез и излез од Македонија, предизвикувајки целосен сообраќаен застој. Нема информација до кога ќе трае блокадата. Блокада нема само на Евзони каде има 150 трактори. Речиси цела Грција е во состојба на блокада. Земјоделците бараат итна исплата на заостанатите субвенции од ЕУ, намалување на високите производствени трошоци и гарантирани цени за нивните производи.
Бугарската владејачка партија - ГЕРБ дсоопшти дека е подготвена за одржување предвремени избори, по масовните протести во земјата и барањата на претседателот Румен Радев и опозицијата за итна оставка на владата и предвмрени избори поради неуспехот да се одобри буџетот за 2026 година.
- Или застанете со ГЕРБ и заедно, обезбедувајќи мнозинство од 121 пратеник, да изготвиме нов буџет, или одиме на нови избори“, напиша лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, на Фејсбук.
Ова е првата реакција на Борисов по серијата масовни протести организирани од опозицијата против усвојувањето на предложениот буџет за следната година, кој вклучува зголемување на даноците и придонесите за социјално осигурување во приватниот сектор и насочување на повеќе средства кон државниот сектор.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
