УЈП прави напори парите од МојДДВ да се исплатат до крајот на неделава
УЈП без конкретен одговор кога ќе легнат парите кај граѓаните од Мој ДДВ. Велат дека прават напори исплатата да заврши оваа недела, но можеби ќе се пролонгира и следната. Законскиот рок за поврат на ДДВ кај лицата кои скенираат фисклани сметки истече пред два дена.
За доцнењето, од Управата информираа дека станува збор за технички проблем, затоа што некој од корисниците сменил банка или трансакциска сметка, па целата пратка системски се враќала и парите не се исплаќале кон корисниците кои се во ист налог. Денеска, појаснуваат дека се изготвени налози за поврат кај над 155 илјади корисници, вредни 4,4 милиони евра, но без прецизен одговор кога ќе заврши исплатата.
-Останува симболичен износ кој може да се појави како разлика доколку некој од налозите не биде успешно реализиран поради неточни податоци односно порди корисник кој нема точни податоци во системот на УЈП.
Исплатата е во тек. Средства во буџетот има и нема место за сомнежи или било каков страв дека нема да ги добијат средствата за скенирани фискални сметки.
За третиот квартал фисклани сметки скенирале над 515 илјади корисници., До денеска 360 илјади добиле поврат на ДДВ, велат од УЈП. Останатите, поради технички проблем – се уште чекаат. Инаку, во последните 6 години, од кога се воведе проектот пракса беше парите да се исплаќаат до 10 ти, најдоцна до 15 ти по истекот на 60 дена од завршување на кварталот.
Максималната сума која може да ја добие корисник изнесува 2,100 денари.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
