Цените на нафтата паднаа, Владата нема да прогласи кризна состојба
Пад на цените на нафтата на светските берзи, по објавата на Трамп дека војната е на самиот крај. За само еден ден цената падна за над 25% и сега се движи околу 90 долари за барел. Трамп изјави дека на долг рок размислува да ја преземе контролата врз Ормутскиот теснец, а ако заливот остане блокиран за проток - му се закани на Иран со уште пожестоки напади.
- Ние сме фокусирани и на одржување на протокот на енергија и нафта во светот. И нема да дозволам терористички режим да го држи светот како заложник и се обиде да го запре ударот врз нашето снабдување и ако Иран направи нешто за да го стори тоа, ќе бидат погодени на многу, многу потешко ниво. Ќе ги уништам оние цели што беа лесни и што ги споменав пред малку и ќе ги уништам толку брзо што никогаш нема да се опорават, изјави Доналд Трамп, претседтел на САД
Токму поради падот на цените на нафтата Владата нема да прогласи кризна состојба. Премиерот вели дека состојбата се следи, и со вчерашното поскапување на горивата, и натаму имаме најниски цени во регионот.
- Имаме доволно количини, разговараме со дистрибутерите и со компаниите кои што ги снабдуваат граѓаните и македонската економија со нафта и нафтени деривати во моментот нема опасности од каков било недостаток. Ние како Влада продолжуваме да ја следиме состојбата. Како држава имаме убедливо најниска цена на нафтата и тоа во моментот можеби е добро од еден аспект, но од друг аспект во дел од пограничните општини, и посебно бензинските пумпи во пограничните општини, се создава притисок од соседството, бидејќи голем број од граѓаните од соседството доаѓаат да точат дизел гориво посебно, изајви Христијан Мицкоски, преиер
Пазарниот инспекторат деновиве проверувал дали бензиските го криеле горивото или навистина се потрошиле залихите. Од направените над 300 контроли, не утврдиле неправилности.
- Не е констатирано дека имало криење на залихите на гориво, меѓутоа е увидено дека 30-тина бензински станици ги истрошиле залихите, престанале со точење, меѓутоа по час-два можеби и четири часа, по ново танкирање на резервоарите продолжуваат со точење на гориво. Таква беше ситуацијата во овие три четири дена, изјави Влатко Стојкоски, директор на ДПИ
Ако евентулно растот на цената на горивата продолжи, државата може да интервенира со намалување на ДДВ-то и откажување од дел од акцизата. Пресметки колку би изгубила државата од таквата мерка, УЈП нема.
И додека траат осцилациите околу цената, Иран со предлог – на сите држави кои ќе ги протераат американските и израелски дипломати од своите земји, ќе им биде дозволенио нивните танкери да поминуваат низ Ормутскиот теснец.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
