Loading Video...
Свет
4. December 2025 - 12:16

Преглед на вестите од светот

Доцна синоќа во камп во западен Кан Јунис, Газа избувна пожар по израелски ракетен напад, а Палестинците се собраа да го изгаснат пожарот Медицинските лица во болницата Ал-Куваити изјавија дека ги пронашле телата на петмина Палестинци, вклучувајќи две деца. Израелската војска соопшти дека нивниот напад во Кан Јунис бил насочен кон „терорист на Хамас“, без да даде дополнителни детали. Таа рече дека нападот бил одговор на нападот, во кој биле повредени пет војници. Насилството меѓу Хамас и Израел се намали од прекинот на огнот на 10 октомври, но Израел продолжи да напаѓа во Газа и да спроведува уривања против она што го нарекува инфраструктура на Хамас. 

Египет ги отфрли тврдењата дека постигнал договор со Израел за отворање на граничниот премин Рафа исклучиво за излез од Појасот Газа, инсистирајќи дека преминот мора да биде двонасочен. Израелската Влада најави делумно отворање на граничниот премин кај градот Рафа меѓу Појасот Газа и Египет како дел од договорот за прекин на огнот со палестинското движење „Хамас“, но само за Палестинците кои сакаат да ја напуштат територијата. Палестинците можат да го напуштат Појасот Газа само преку граничниот премин Керем Шалом со строги ограничувања.

Најмалку осум лица, меѓу кои и две деца, беа ранети откако руските сили го погодија источноукраинскиот град Славјанск во текот на вчерашниот ден со девет воздушни бомби. Една од бомбите погоди станбена зграда, оставајќи дел од неа тешко оштетен. Екипите за итни случаи работеа цела ноќ за да ги расчистат урнатините и да бараат преживеани. Службите ги повикаа цивилите да се евакуираат, предупредувајќи дека нема повеќе безбедни места во регионот Донецк.

Постои само еден човек во целиот свет што може да го надмине ќорсокакот кога станува збор за војната во Украина, а тоа е американскиот претседател Доналд Трамп и тој го прави тоа, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте на прес-конференцијата по завршувањето на состанок на министрите за надворешни работи на членките на Алијансата. Тој нагласи дека НАТО е во постојан контакт со САД, со кои споделуваат иста цел за обезбедување мир и за заштита на суверенитетот на Украина.

Светскиот трофеј на ФИФА пристигна во Вашингтон, откако мина неколку важни места сето тоа како најава за извлекување на групите за Светското првенство во фудбал 2026, кое ќе се одржи утре. На Мундијалот ќе учествуваат рекордни 48 репрезентации. Извлекувањето ќе го водат Рио Фердинанд и водителка Саманта Џонсон, а како асистенти ќе бидат: Том Брејди, Вејн Грецки, Арон Џаџ и Шакил О'Нил. Специјалниот гостин ќе биде Ели Менинг како водител на црвениот тепих на настанот.

Македонија ја очекува бараж полуфиналениот дуел со Данска, што значи дека е на два чекора до Светскиот куп. Мундијалот ќе се игра во САД, Мексико и Канада започнува на 11 јуни, а финалето на 19 јули во Њу Џерси.