Заврши реконструкцијата на булеварот „Крсте Мисирков“ во Скопје
Со ноќно бележење на сообраќајна сигнализација заврши реконструкцијата и на другата страна на булеварот „Крсте Мисирков“ кај Бит-Пазар во општина Чаир.
– Екипите на Град Скопје работеа со засилено темпо на реконструкција на булеварот и со градежни активности во текот на вечерните часови со цел избегнување на сообраќаен метеж, а целосната реконструкција заврши во најбрз можен рок, соопштија денеска од Град Скопје.
Булеварот „Крсте Мисирков“ посочуваат дека за 15 дена е целосно и темелно реконструиран во должина од 1.350 метри во двете насоки, на потегот од крстосница кај Судска Палата до клучката Бит-пазар.
Град Скопје се подвлекува во соопштението, продолжува со интензивните градежни активности за реконструкција на градските улици и булевари во рекордно кратки рокови, а граѓаните добиваат квалитетни и безбедни сообраќајници.
Во наредните денови се очекува завршување на реконструкцијата на булеварот „Кочо Рацин“.
Ново на Сител
-
Азир Алиу избран за нов министер за здравство
-
Нов осомничен за пожарот во „Пулс“
-
Реакции за пиротехника
-
Полицијата го лиши од слобода струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов кој се сомничи за финансиски злоупотреби
-
Обвинителство: Убиството на Вања е чин кој не може да се оправда
-
Формирана стручна комисија која ќе испитува дали има лекарски пропуст кај починатото дете од Кавадарци
-
Нема драстично поскапување на основните прехранбени производи вели Дурмиши
-
Грантови до 10.000 евра за невработени лица кои сакаат да започнат бизнис