Македонија
9. јуни 2025 - 16:47

Нема драстично поскапување на основните прехранбени производи вели Дурмиши

1,5% инфлација во мај споредбено со април, пресмета статистика. Најмногу поскапела храната и безалкохолните пијалаци – 4,1%. Ова доаѓа веднаш по истекот на мерката за ограничени цени и маржи која беше во сила до 1 мај. Според заводот за статистика, овошјето и зеленчукот поскапеле за 4,5%, а прехранбените производи за 4,2%.

Дали и какви мерки ќе се носат по скокот на инфлацијата допрва ќе се разгледува.

Министерот за економија оцени дека нема драстично зголемување на цените на основните прехранбени производи. За ова бил усно информиран од директорот на пазарниот инспекторат, но утре ќе го добие и официјалниот извештај за спроведените контроли минатиот месец.

„Утре ќе биде доставена до Влада информацијата за вонредните контроли во мај. Ќе не известат точно како се движеле цените по завршување на мерката. Од она што знам засега, нема драстично зголемување на цените, само на производи кои се сезонски, но тие не спаѓаат во делот на прехранбените основни производи“ – Бесар Дурмиши, министер за економија и труд 

Според статистика, трошоците за живот во мај годинава, во споредба со истиот месец лани, пораснале за 3.3 %. Kај цените на мало, пак, забележано е зголемување за 1,6 отсто.