Собранието ги изгласа новите кадровски решенија на Влен
Со 65 гласа „за“, 15 „против“ и ниту еден воздржан, Собранието попладнево го изгласа Азир Алиу за нов министер за здравство на местото на Арберн Таравари кој неодамна даде оставка од министерската функција откако излезе од владината коалиција. Додека, пак, со „65“ гласа „за“ и со 10 гласа „против“ Собранието го избра Албрим Хоџа за заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Премиерот Христијан Мицкоски претходно во образложението на предлогот за Азири истакна дека верува оти неговата енергија и знаење ќе донесат нова димензија во менаџирањето со здравствениот систем. Премиерот во образложението на предлогот за Хоџа истакна дека тој е млад, но сериозен човек кој знае како изгледа теренот. Верува дека тој ќе даде силна енергија и додаде дека ќе биде силна потпора на министерот и ќе придонесе кон тоа земјоделството конечно да добие системска рамка и визија за иднината.
Пратениците од власта во текот на расправата истакнаа дека Алиу не е соодветен кадар кој треба да раководи со ресорот на здравството. Тие прашаа како е возможно еден специјалист по информатика кој не донел промени во неговата област успешно ќе менаџира со еден комплексен систем како што е здравството. Додека, пак, пратениците од власта кажаа дека има шанси Алиу добро да се снајде во менаџирањето на овој ресор иако не доаѓа од овој сектор. Тие нагласија дека во минатото сме имале доста експерти од здравствената област кои што имале можност да го водат овој сектор, но секогаш не се покажало дека биле компатибилни здравственото образование или здравствената стручност со менаџирањето со ресорот здравство.
Пратеникот на Алијансата за Албанците, Халил Снопче истакна дека премиерот Мицкоски треба да му изрази благодарност на доскорешниот министер за здравство Арбен Таравари поради, како што рече, доброто менаџирање со трагедијата во Кочани.
- Алијансата за Албанците после една година владеење не може да го исполни своето ветување и затоа одлучи да се вратиме кај граѓаните и да си одиме во опозиција. Ние сме партија каде нас не можат да не уценуваат и примарно ни е интересот на граѓаните, националниот и државниот интерес. Ние истото го направивме и минатата година. Одлучивме да одиме во опозиција, да донесеме промени, промените дојдоа но после една година владеење не можеме да се пофалиме јавно, јас ќе потврдам дека немавме успех во Владата и ќе се враќаме каде е и народот за да можеме да ја реализираме нашата програма. Првото нешто што требаше да го направите е да изразите јавно благодарение за господинот Таравари. Тоа би било добро, бидејќи поради доброто менаџирање со трагедијата во Кочани, кој можеше да направи дестабилизација во државата и Арбен Таравари има голема услуга за тоа што го направи во овој случај. Таравари вас ви помогна. Требаше да излезете тука и да кажете ви бчлагодарам Арбен Таравари за придонесто што го дадовте, но вие ова не го направивте, рече тој.
Снопче го праша премиерот дали предлогот за кандидат за министер за здравство е негов предлог или од Влен.
- Господине премиер, новиот кандидат дали е ваш личен предлог или е предлог на Влен? Зошто го поставувам ова прашање? Бидејќи е многу значајно јавноста да знае. Лицето го знам подобро од вие и вие што сте тука. Познавајќи го него, убеден сум дека ова лице нема да оди по паметот на Арбен Фетаи. Арбен Фетаи прави само раскол. Тоа го направил и кога бил во Ветвендосје, и кога бил во Алијансата за Албанците кога бевме заедно со Зијадин Села и тој така си работи. Предлогот кој што го предложивте за министер за здравство ни си другиот памета на Влен било да е со Изет Меџити, Биљал Касами или Зекирја Ибрахими. Ви гарантирам за ова. Но ако вие инсистирате дека е ваш личен предлог, туку на Влен, тогаш не сум го познавал добро ова лице. Со ова лице на 15 години во една канцеларија, сум патувал на меѓународни конференции, сме работеле заедно на научни трудови, рече Снопче.
Пратеникот Беким Ќоку, координатор на пратеничката група на Коалицијата „Вреди“, реагираше на денешното гласање во Собранието на Република Северна Македонија, каде што пратениците од ДУИ глас
Беким Ќоку, пратеник на „Влен“ нагласи дека Алиу е чиста политичка фигура.
- Арбен Таравари беше обврзан да даде оставка. Не даде оставка поради морални причини или нешто друго. Арбен Таравари беше избркан од Владата, бидерјќи почна да соработува со ДУИ и Али Ахмети. Таравари имаше скриени средби за соработка со ДУИ и затоа беше обврзан од Влен се донесе пред акт да избега од Влен и до Владата, бидејќи повеќе немаше место во таа Влада. Азир Алиу е предлог на Влен врз основа на договорот кој го имаме од почетокот на овој мандат со премиерот Мицкоски и тој денес ја претставува Влен како политички субјект. Алиу остана на таа линија во логиката на тоа што беше договорот кој беше првичен и не замина како вие кај ДУИ, не замина кај корупцијата и кај канцерот. ДУИ за Арбен Таравари беше канцер. Сега овој човек, овие негови соработници одат кај предизвикувачот на овој канцер. Азир Алиу не е тој кој го сакаше канцерот, туку Таравари и некои негови соработници. Алиу е чиста политичка фигура. Не е поврзано со неговиот професионализам, со неговиот морал, со дигнитетот и интегритетот на ова политичка личност. Алиу остана верен на политичките и моралните вредности, рече Ќоку.
Според пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска, Алиу има шанси добро да се снајде во менаџирањето на Министерството за здравство.
- На Азир Алиу му ги познавам корените. Неговото семејство во Гостивар му е почитувана, авторитетно. Кога знаете некој човек од каде потекнува, секако на тој начин го стекнувате својот впечаток или ги зголемувате очекувањата од овој голем предизвик кој што стои пред Алиу. Како доктор по информатички науки, еве од денес или од утре да го преземе кормилото на едно од најдинамичните и најпроблематичните ресори во нашата Владата, а тоа е ресорот здравство. Од лично искуство, ресорот здравство од осамостојувањето на Република Македонија најмногу страда од честите промени на министрите кои го раководеле овој ресор. Некои се повторувале, некои оставиле добра трага, некои немале време доволно да се покажат и затоа вела дека огромен е предизвикот кој што го прифаќа господинот Азир Алиу. Познавајќи го како личност и неговото потекло од едно реномирано гостиварско семејство и неговото богато СиВи, сметам дека има шанси добро да се снајде во менаџирањето. Иако анализирајќи наназад имавме доста експерти од здравствената област кои што имале можност да го водат овој сектор, но секогаш не се покажало дека биле компатибилни здравственото образование или здравствената стручност со менаџирањето со ресорот здравство, рече Стојановска.
Амар Мециновиќ, пратеник на Левица истакна дека Алиу ќе стане дел од Влада која освен што владее авторитарно, но вон нејзиното владеење повеќе како да управува како концесионер по договор чија цел е профит а не грижа за нашите граѓани.
- Господинот ќе управува со клучен ресор, но кој е испреплетен со влијанијата на речиси сите пори на општественото управување. И бидејќи секогаш се претставуваат како менаџери, а не како идеолошки насочени шампиони на ресорите кои треба да ги управуваат, на крајот нивните министерувања завршуваат со дефинирање на нивните ингеренции и секогаш тие не се виновни на состојбата на ресорот кои требало да го управуваат. Господинот Алиу ќе го гласа мнозинство кое е без компромис се бори против синдикатите преку нивно демонизирање и намалување на нивната улога, рече мециновиќ.
Дијана Тоска, пратеничка на „Европскиот фронт“ истакна дека не покажал некој конкретен резултат или некоја голема реформа додека раководел со Министерството за информатичко општество и администрација.
- Големите проекти остануваат само на хартија. Дигитализацијата беше само слоган и после сепак немавме таква работа. Прашањето е многу просто како може да претендираме како еден специјалист по информатика кој не донел промени во неговата област ќе менаџира со успех еден комплексен систем како што е здравството. Здравството не е област за администрација. Тој е сектор кој бара големо менаџирање каде што станува збор за животот на луѓето. Некои можат да велат дали не може да се научи и да се прилагоди во секторот на здравство? Јас не велам дека ние не зборуваме за административна работа каде може да се научи брзо. Ова е една функција каде што секоја одлука има влијание во животот на луѓето. Овие работи се многу значајни за животот на луѓето и не може да имаме политички експерименти. Здравството бара повеќе од дигитализација. Бара поголема работа и работа со пациенти, рече Тоска.
Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски истакна дека најголемиот проблем на секторот здравство е токму честото менување на министерот.
- Многу од коментарите во јавноста, кажувањата и пишувањата се дека најголемиот проблем на секторот здравство е токму промената на министрите толку често за краток временски период и претставува најголем проблем за државата и граѓаните и како систем во кој што многу малку и скоро воопшто не се поместува во изминативе 30 години. Иако некој ќе рече „да, има сигурно одреден напредок“ и е во право. Државата не е иста таа што беше во 90-та година и во 2025 година, од ден во ден и година во година се менува. Сето тоа што се бара од страна на граѓаните во однос на овие пораки на промени, тогаш за мене не може да биде констатацијата исправна дека еден министер од Владата која ја предводеше СДСМ може да биде надеж за промени и во 2025 година кога некој друг ја презема власта во свои раце. Ако сите тие негативности, констатации, за белешки, критики се упатуваат за времето на владеењето на претходната власт, тогаш не гледам како можеме да ги доведеме во корелација истите кадровски решенија кои биле тогаш а денеска ги ставаме да бидат министри за здравство. Ако зборуваме за професионалниот бекграунд на Алиу нема забелешки и не може да се оспорува неговата биографија, рече Спасовски.
На крајот, Мицкоски упати благодарност до пратениците кои учествуваа на дебатата кои дадоа коментар за предлозите, околу политичката реалност, политичките случувања за новата Влада.
- Секој има мислење на свое мислење и став па дури и кога не ја говорат вистината. Тоа е начинот како можеби оваа опозиција одлучила да функционира во Парламентот без разлика кој дел од опозицијата – дали овој првиот, средишниот или оној крајниот дел. На крајот од денот за четири месеци ќе дојдат избори и на тие избори граѓаните ќе кажат дали ова што вие го говорите е така или можеби тоа што го работи Владата е спротивно на тоа што вие го говорите. Јас не мислам дека е така како што вие говорите. Мислам дека не ја говорите вистината и дека е спротивно на чувството во јавност. Но во ред, оставан на вашата совест, на човечка одговорност, морален капацитет да говорите тоа што го говорите. Мислам дека тоа не ви носи поени. Мислам дека ви одзема. Но во ред. Треба да разберете дека за една работа да ја почувствуваат граѓаните, треба да ја кажуваат кредибилни луѓе, рече Мицкоски.
Координаторот на пратеничката група на Вреди Беким Ќоку преставувајќи го Хоџа кажа дека тој е од новата генерација политичари, дека е 37-годишен правник, кој претходно работел во локалната самоуправа во Струга, од каде бил отпуштен од градоначалникот Размиз Мерко. Ќоку кажа и дека Хоџа бил новинар, се занимавал со медиуми, со јавни политики, како и дека доаѓа од рурално населено место и оти е запознаен со потребите на земјоделието и секторот во којшто ќе биде заменик министер.
Азир Алиу е дипломиран електроинженер и доктор по информатички науки кој моментно ја извршува функцијата редовен професор на Факултетот за компјутерски науки и технологии при Универзитетот на ЈИЕ во Тетово. Алиу беше министер за информатичко општество и администрација во 2023 и 2024 година, а, согласно доставената биографија, бил и на други високи и одговорни позиции. Алиу е дел од Алијансата за Албанците која остана во Вреди по оставката од 15 мај, годинава на Арбен Таравари и неговата одлука да замине во опозиција.
Во биографијата на Албрим Хоџа се наведува дека тој е новинар со повеќегодишно работно искуство, а своето образование го стекнал на Правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово.
Ново на Сител
-
Квaлификaции зa CП 2026: Макeдoнијa победи прoтив Кaзaxстaн
-
Невреме во Букурешт: Поплави, соборени дрвја и доцнења на летови
-
Вo среда наутро во Скопје авионска дезинсекција против комарци
-
МВР: Кривична пријава против 23 физички и 15 правни лица, предизвикале штета на буџетот од над 94 милиони евра
-
Собранието ги изгласа новите кадровски решенија на Влен
-
Се шири болеста чума кај малите преживари во Албанија, стигна и во погранична област во близина на Дебар
-
Поднесени кривични за две лица од Делчево осомничени за „предизвикување општа опасност“ и „бесправно градење“
-
Полициски службеници евакуираа и транспортираа повредено лице од планината Јабланица