-->
-->
Заврши потрагата по преживеаните во урнатата зграда во Флорида
-->
Спасувачите ја завршија потрагата по преживеани под урнатините на станбената зграда во Сурфајд, две недели по трагедијата во сојузната американска држава Флорида. Отсега приоритет на операцијата ќе биде отстранување на телата на починатите, јавија американските медиуми.
Властите синоќа ги информираа семејствата на исчезнатите и јавноста дека нема надеж дека тие се преживеани.
Во првите часови по уривањето на зградата на 24 јуни, 37 лица беа извлечени од под урнатините. Подоцна, спасувачите не пронајдоа ниту едно живо лице.
Спасувачите вчера пронајдоа осум тела. Вкупниот број на потврдени жртви се искачи на 54, а 86 лица се водат како исчезнати
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кога се трошеле најмногу државни пари
-
Пожарот во „Пулс“ ја зеде 61-та жртва, почина пациентот кој се лекуваше во Литванија
-
Таткото на Вања негира вмешаност во случајот
-
Тема на денот со Аким Али, претставник на СЗО на Македонија
-
15 години клиничка болница “Аџибадем Систина”
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожарот во Пулс ја зеде 61-та жртва, почина пациент кој се лекуваше во Литванија
-
Таткото тврди дека не е виновен