-->
-->
Затворен за сообраќај патот Македонска Каменица-Делчево поради сообраќајна несреќа | ФОТО
-->

Денеска (24.10.2025) околу 12:00 часот во СВР Штип е пријавено дека на магистралниот пат Македонска Каменица-Делчево, во близина на село Илиово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „волво“ со приколка со бугарски регистарски ознаки, управувано од В.Х. Г., патничко возило „мерцедес“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од Б.П. и патничко возило „фиат“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од М.С..

Во сообраќајната несреќа нема повредени лица, а патот Македонска Каменица- Делчево е затворен за сообраќај во двата правца, а возилата се пренасочуваат по околните патишта.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, кандидат на Левица за градоначалник на Скопје
-

Кандидати и актуелни градоначалници се мобилизираа во чистење на главниот град
-

Кој треба да понесе одговорност по изборните резултати?
-

Мицкоски повика на масовност во втор изборен круг
-

Се зголемува бројот на жртви на семејно насилство во Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
-

Ќе има ли прегрупирање на гласови во вториот круг?
-

Тема на денот со Александар Трајановски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Аеродром
