Затворен патот кон Македонска Каменица и Делчево поради огромни одрони од камења
Затворен за сообраќај магистралниот пат кон македонско-бугарска граница од виничкото село Истибање кон Македонска Каменица и Делчево поради огромни одрони од камења кои се уште паѓаат на коловозот.
Техничкиот директор на Регионална подружница Штип на ЈП „Македонија пат“ Кире Коцев, јави дописникот на МИА, вели дека во моментов се паднати околу 200 метри кубни огромни карпи.
- Континуирано паѓаат камењата на истото старо слечиште кое што го имавме и минатата година. На истото место на магистралниот пат виничко село Истибање, Македонска Каменица. Наши екипи со градежна механизација сме овде на терен и се додека паѓаат камењата неможеме да го расчистуваме патот, вели Коцев.
Сообраќајот кон општините Македонска Каменица и Делчево се пренасочува регионалниот пат од Виница до Берово.
Повеќе детали с енајавуваат во текот на денов.
Поради врнежите од дожд во источниот реигон зголемен е и водостојот на реката Брегалница и на нејзините притоки.
Од општина Штип велат дека континуирано ја следат состојбата со реката Брегалница за да не дојде до нејзино излевање низ населбите каде што поминува.
Ново на Сител
-
Дел од Македонија повторно без струја
-
Речиси 64 илјади му требаат на четиричлено семејство за да ги покрие основните потреби, пресмета ССМ
-
Договорот за стратешко партнерство со Британија ќе биде потпишан во четврток во Лондон
-
Матурант од Струмица пронајден мртов
-
На лузните од изгореници им треба време да заздрават
-
Извештај за родова самопроценка во одбраната: Родовите стереотипи постојат, но има видлив напредок
-
Преглед на вестите од светот
-
Собранието ги констатираше оставките на Таравари, Беџети и Исмаили