-->
-->
Започна тестирање за антитела на вработените во болниците во Грција
-->
Со одлука на министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас, од вчера започна тестирање за антитела на вработените во болниците, во здравствените центри, во локалните и регионални ординации во областа Атика, а до крајот на месецов ќе биде спроведено и завршено и во сите други грчки периферии.
Од Министерството за здравство на Грција соопштуваат дека се обезбедени веродостојни тестови за антитела, а тестирањето е доброволно, додека пак резултатите ќе се користат за епидемиолошки цели.
Освен здравствените работници, ќе бидат тестирани и сите други чија работа е поврзана со здравствените центри во земјата, како што се службеници, вработени во агенции за обезбедување, хигиеничари и сл.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Обвинителството и инспекциите ја чешлаат Комунална
-
М-НАВ: Граѓанскиот суд постапи исправно
-
Рекордна заинтерсираност за имунизација против сезонскиот грип
-
Се поголем е интересот за угостителско-туристичките струки
-
Преглед на вестите од светот
-
Андоновски: Очекуваме до следната година Македонија да добие бесплатен роаминг во ЕУ
-
Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика
-
Николоски од Лондон: Со Велика Британија сериозно сме посветени на реализација на договорот влада со влада