Започна да се гради регионалниот патен правец Теранци-Кучичино
Согласно општинската програма за изградба на локални и регионални патни правци, градежна механизација на Јавното претпријатие „Македонија пат“ од денеска започна со изградба на патниот правец од село Теранци до село Кучичино во општината Чешиново Облешево, која делница е дел од Регионалниот патен правец Виница - Штип.
Должината на овој патен правец изнесува 3 километри и во моментот се одвиваат градежни работи за порамнување и проширување на теренот и по завршувањето на подготвителните активности ќе се пристапи и кон следната фаза за асфалтирање на теренот.
- Изградбата на овој пат е од огромно значење за жителите на нашата општина. Со него ќе се намали сообраќајот кој се одвива по магистралниот пат А3 а воедно ќе се скратат над 30 километри до соседните општини, изјави Градоначалникот Костадин Личков.
Делницата Теранци - Кучичино е дел од програмата на Јавното претпријатие за државни патишта на Република Македонија за изградба на регионалната делница во истокот која ке ги поврзува општините Штип, Карбинци, Чешиново Облешево, Зрновци и Виница. По завршувањето на изградбата на оваа делница Истокот ќе добие комплетно нов алтернативен регионален пат Виница –Штип.
Ново на Сител
-
Владата и банките договорија 1,95% камата за унгарските пари
-
Автопатот Охрид - Кичево готов до 2026 година
-
Мицкоски: Од следната летна или есенска сезона очекувам да има нови електрични автобуси
-
Регионална депонија во Новаци во стар рударски коп на РЕК Битола
-
Во ООУ „Наум Охридски“ во Булачани отворена нова спортска сала за 200 ученици
-
16 дена активизам против насилство врз жени и девојки
-
Млади во земјоделието
-
Преглед на вестите од светот