Заострени правилата за движење на цивили во Кина: Објавени вознемирувачки снимки од лифт

Кинеските власти одлучија да го заострат ограничувањето на движење на цивилите во провинцијата Хубеи чиј главен град е Вухан, ценнтар на епидемијата на смртоносниот Корона вирус.
60 милиони луѓе колку што живеат во провинцијата не смеат да излезат од своите домови освен ако не станува збор за итен случај. Употребата на приватните автомобили е целосно забранета.
Жителите на Вухан мора да останат во своите домови, а на секои три дена, по едно лице може да излезе од домот за да купи храна и неопходни намирници. Во зградите и стамбените комплекси само еден влез е отворен, а често пред влезот стојат вооружени чувари.
Сепак, додека кинеските власти прават големи напори за сузбивање на вирусот, истовремено на социјалните мрежи се појавија снимки на кои може да се види како неколку лица намерно ја шират заразата.
Имено, на снимките може да се видат како лицата намерно кашлаат врз копчињата од лифтовите со цел да се рашири заразата.
Инаку, властите од Пекинг одлучија сите кои ќе влезат во градот 14 дена да поминат во карантин, или во спротивно ќе бидат уапсени. Сите продавници се затворени, освен аптеките, хотелите и супермаркетите. Кинеската централна банка веќе започна и да ги дезинфицира банкнотите за да се спречи ширењето на Корона вирусот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, кандидат на Левица за градоначалник на Скопје
-

Кандидати и актуелни градоначалници се мобилизираа во чистење на главниот град
-

Кој треба да понесе одговорност по изборните резултати?
-

Мицкоски повика на масовност во втор изборен круг
-

Се зголемува бројот на жртви на семејно насилство во Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
-

Ќе има ли прегрупирање на гласови во вториот круг?
-

Тема на денот со Александар Трајановски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Аеродром
