Заостанатиот долг од сметките за отпад во Скопје ќе се наплатува без камата
Жителитe на Град Скопје кои имаат заостанат долг кон ЈП Комунална хигиена-Скопје на заедничката сметка со ЈП Водовод и канализација по основ неплатени сметки за собирање и транспорт на комунален отпад, од 4 до 29 ноември ќе можат да ги платат сметките без камата за задоцнето плаќање.
Како што соопштија од ЈП Коминална хигиена, Управниот одбор на Претпријатието, на својата 32 седница одржана на 1 ноември 2019 година, донеле одлука со која на сите корисници што имаат заостанат долг на заедничка сметка во евиденција на ЈП Водовод и канализација-Скопје, по основ неплатени сметки за собирање и транспортирање комунален отпад (тужен и редовен), им се овозможува истиот да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање, во периодот од 4 до 29 ноември 2019 година.
Можноста за плаќање на заостанатиот долг без пресметана камата се однесува само на физичките лица, колективните и индивидуалните домаќинства.
Ново на Сител
-
Илјадници верници во Ватикан чекаат „бел чад“
-
Литија со моштите на Свети Георгиј ја освети Струга
-
Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вице премиер
-
Првиот приватен универзитет во Македонија АУЕ–ФОН одбележува 22 години од основањето
-
Милановиќ: Македонија не смее да биде жртва на уцени за членство во ЕУ
-
Мицкоски: Не смееме да заборавиме – криминалците се шетаа слободно, денеска законот важи за сите
-
„Најголема енергетска инвестиција во последните 10 години“ - Почнува изградбата на интерконекторот со Грција
-
Таравари со една нога надвор од Владата