-->
-->
Заматена водата за пиење во Кавадарци
-->
Водата за пиење во Кавадарци е заматена поради дождовите. Од јавното претпријатие „Комуналец" вечерва информираа дека водата мора да се преврива пред пиење.
- Известуваме дека поради временските услови и обилните врнежи на дожд, големата количина на вода која се слева во изворите Лукар предизвика заматување на водата во истите. Затоа е препорачливо водата, доколку се користи за пиење, задолжително да се преврива. Се надеваме дека во брзо време ќе се стабилизираат временските услови и ќе дојде до избистрување на водата, се вели во објавата на „Комуналец" на Фејсбук.
Од Јавното претпријатие посочуваат дека граѓаните ќе бидат навремено информирани за секоја промена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кога се трошеле најмногу државни пари
-
Пожарот во „Пулс“ ја зеде 61-та жртва, почина пациентот кој се лекуваше во Литванија
-
Таткото на Вања негира вмешаност во случајот
-
Тема на денот со Аким Али, претставник на СЗО на Македонија
-
15 години клиничка болница “Аџибадем Систина”
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожарот во Пулс ја зеде 61-та жртва, почина пациент кој се лекуваше во Литванија
-
Таткото тврди дека не е виновен