Македонија
1. April 2025 - 19:27

Заматена водата за пиење во Кавадарци

Водата за пиење во Кавадарци е заматена поради дождовите. Од јавното претпријатие „Комуналец" вечерва информираа дека водата мора да се преврива пред пиење.  

- Известуваме дека поради временските услови и  обилните врнежи на дожд, големата количина на вода која се слева во изворите Лукар предизвика заматување на водата во истите. Затоа е препорачливо водата, доколку се користи за пиење, задолжително да се преврива. Се надеваме дека во брзо време ќе се стабилизираат временските услови и ќе дојде до избистрување на водата, се вели во објавата на „Комуналец" на Фејсбук. 

Од Јавното претпријатие посочуваат дека граѓаните ќе бидат навремено информирани за секоја промена.