Балкан
5. November 2016 - 10:23

Заложничка драма: Работник уби газда на вила

Во Нишка Бања од доцна синоќа се одвива вистинска драма. Имено во вилата ДНД се случило убиство, а убиецот се забарикадирал и со него преговара полицијата.

Главната улица е блокирана.

Наводно сопственикот на вилата е убиен од страна на работник.

Убиецот се уште се наоѓа во објектот во кој е направено злосторството.