Законот за ЈО влегува во собраниска процедура
Предлог законот за Јавно обвинителство по скратена постапка се најде пред членовите на собраниската комисија за европски прашања. Се очекува комисиската расправа за овој предлог закон да трае најмногу 2 дена со оглед на тоа што се најавени околу 60 амандмани.
Се очекува расправата да трае во текот на денешниот ден и во понделник бидејќи во петок и во сабота ќе тече седницата за изборот на нови министри. за изборот на нови министри.
По завршувањето на дебатата во понеделник, претседателот на Собранието Талат Џафери треба да одлучи кога овој закон ќе биде ставен пред пратениците на пленарна седница. За да биде усвоен предлог законот за јавно обвинителство потребно е двотретинско мнозинство кое власта според информациите до сега го нема обезбедено.
Во меѓу периодот (од денеска, за време на викендот и на почетокот на идната недела) се остава простор за преговори на работните групи. За денеска до овој момент не е закажана средба.
Министерката за правда Рената Дескоска најави дека ако не најдат 80 пратеници ќе одат со план Б а тоа е измени во Законот за Советот на ЈО кој исто така денеска е на дневен ред на Комисијата за европски прашања.
Александар Спасовски
Ново на Сител
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Богојавление Водици во Охрид
-
Земјоделците бараат долгорочна стратегија за поголемо производство и стабилни цени
-
Богојавление Водици на Плетварско езеро
-
Сузбиена криминална група предводена од Раде Штекли – 14 лица од Скопје осомничени за трговија со дрога
-
Богојавление Водици во Скопје
-
Богојавление Водици во Охрид
-
Томче Голабоски го фати крстот во Струга