Македонија
19. January 2025 - 17:06

Томче Голабоски го фати крстот во Струга

Светиот крст во Струга годинава кај 39 годишниот стружанец Томче Голабоски. Тој беше најсреќниот меѓу големиот број верници што денеска скокнаа во студените води на реката Црн Дрим. Вели дека по петти  пат го фаќа крстот, а чуството е преубаво бидејќи години наназад скокал по крстот.

Овогодинешниот кум директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски подвлече дека чуството е неописливо и посака да сме пообединети ,посреќни и порадосни и да не водат духовните вредности .

Директорката на АППТ Билјана Стефаноска истакна дека ваквите настани придонесуваат за зголемување на бројот ан туристи и продолжување на сезоната во туристичкиет центри.

Граѓаните  велат дека Струга е  град на верата и  заедништвото тие се радуваат на овој верски настан во шишиња  полнат од осветената вода за здравје .

Празникот Богојавление Водици масовно се одбележува во Струга. Секоја година голем број верници скокаат по светиот крст во студените води на Црн Дрим, но голем е бројот и на оние што влегуваат во осветените води за здравје.