Дојран прва општина со подземен катастар
Општина Дојран прва во државата изработи подземен катастар. Проектот треба да помогне за прецизен увид во постојната мрежа за водоснабдување и во превенцијата и намалување на загубите на вода.
Овој катастар е особено значаен за решавање и на проблемот со слабиот притисок во повисоките делови од градот, особено во текот на летниот период. Проектот е изработен во соработка со Германската асоцијација за меѓународна соработка и според градоначалникот Анго Ангов значи сериозна основа за идни проекти и зафати на општината која ќе овозможат планирање и инвестиции за модернизација на инфраструктурата.
Преку истиот проект набавени се и монтирани 300 паметни водомери кои помагаат во дигитализацијата на комуналното претпријатие и детектирањето на проблемите.
Според најавите од општина Дојран, оваа година се планирани и серија други зафати на водоводната мрежа кои треба да овозможат решвање на деценискиот проблем со водоснабдувањето во овој туристички центар.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар