Законот за енергетика во Собранието
Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, во чии рамки ќе биде разгледан новиот Закон за енергетика, кој е во второ читање. Овој Предлог-закон е на дневен ред и на Законодавно-правната комисија. Министерката за енергетика Сања Божиновска порача дека ова е еден од поважните закони со кои се имплементираат соодветните европски директиви.
Како што посочи таа, е изработен со домашни капацитети, без странски консултанти.
Според министерката Божиновска и според претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимоски, најголем предизвик во следниот период ќе биде изработката и усвојувањето на подзаконските акти и регулативи.
Законското решение предвидува МЕПСО да премине под ингеренции на Министерството за енергетика а за прв пат со закон се регулира и употребата на батериите за складирање на енергија.
Ново на Сител
-
Јавна седница на апелација – Нино Васев и Нехат Нухи бараат укинување на куќниот притвор
-
Штипјани со зголемена финансиска дисциплина
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба на историската Комисија во Атина
-
Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-
„Таков каков што сум’’ - aвтобиографија на бизнисменот Кочо Анѓушев
-
Инцидент во Советот на Општина Кочани - советникот Акиов повреди вработена