Loading Video...
Македонија
21. јуни 2025 - 16:47

Растење на природен заб во лабораторија - научен подвиг со македонски потпис

Растење на природен заб поттикнат во лабораторија некогаш беше незамисливо но денес е веќе возможно. Она што со децении се решаваше со импланти и пломби денес добива нова димензија- заб создаден од сопствените клетки на пациентот. Токму оваа научна револуција доаѓа од македонски ум, професорката Ана Ангелова македонски научник од Кингс Колеџ Лондон.

Професорката Ангелова е дел од тим кој развил материјал што ја имитира природната средина потребна за развој на заб, овозможувајќи им на клетките да почнат процес на формирање заб. 

За резултатите од истражувањата на тимот кој го предводи проф. Ангелова пренесуваа и светските медиуми како БИБИСИ.

Нејзината работа не само што носи надеж за пациентите туку ја става Македонија високо  на научната мапа на Европа и светот. Во тема на денот на Сител професорката Ангелова зборува за најновите достигнувања, што ќе значи ова за иднината на стоматологијата, борбата на македонските научници да истраат и за  можноста со знаење, упорност и соодветна поддршка од државата, големите промени во медицината дека е можно да почнат и од тука.