Македонија
29. March 2019 - 8:32

Заев во посета на охридско струшкиот регион

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Царинската управа Ѓоко Танасовски  денеска ќе престојува во Охрид

За време на престојот премиерот ќе се обрати на 20-тата годишна конференција на Македонската берза, а потоа придружуван од министерот Бектеши ќе прошета по охридската чаршија.

Попладне заедно со Бектеши и директорот на Царинската управа, премиерот Заев ќе изврши увид на тековната состојба и подготовките на новиот терминал на граничниот премин Ќафасан