Мицкоски: Анкетната комисија за Кочани, да се прошири и за другите трагедии
Модуларната болница, Беса трнас и Дурмо турс, сите трагични случаи што биле набрзина завршени во минатото, да се разгледаат повторно- има многу неодговорени прашања според премиерот Мицкоски, за кои има само првостепени пресуди. За разлика од случајот со Кочани, каде што има 34 приведени, во овие случаи немало привено никој.
Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието да има анкетна комисија за пожарот во Кочани е да се прошири и за другите трагедии во кои имаше голем број на жртви.
Случајот за модуларната болница, минатиот месец се врати на повторено судење во тетовскиот суд по одлука на Апелациониот суд во Гостивар, за двајцата директори на болницата кои беа осудени на условни казни од година и половина и за болницата како правно лице.
Повтореното судење пак за случајот Беса транс започнува на 28 мај, каде е осуден сопственикот на компанијата на една година и осум месеци затвор, поради лажната лиценца со која ја напуштал автобусот државата, но Апелација го врати предметот во Кривичниот суд.
За случајот „Дурмо турс“ кога загинаа 16 патници кај Ласкарци во 2019 година, се чека одлука на Апелација и во овој случај нема ниту еден правосилно осуден.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар