-->
-->
Заев најави промена на Уставот за да ги исполни барањата на Албанците за двојазичност
-->

При гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21, опозицискиот лидер Зоран Заев најави примена на Уставот на Република Македонија за да ги исполни барањата на Албанците за двојазичност. Заев вели дека ако било „грдо лицето на Македонецот“, тогаш не било важно што ќе изгубел македонски гласови, ќе дошле други избори.
-Јас верувам дека употребата на јазикот може да биде наша предност, а не слабост, Јас од Струмица, каде што имам 94 отсто Македонци, 5 отсто Турци и 1 отсто други етнички заедници не губам ништо, што моите граѓани Албанци граѓани ќе си го употребуваат својот јазик, рече Заев.
Првиот човек на СДСМ вели дека “сега му е мајката да ги отвориме овие теми“ и дека ако било “грдо лицето на Македонецот“ тогаш не било важно што ќе ги изгубел македонските гласови, бидејќи други избори ќе дошле.
-Некои викаат еј ало, пред избори си, ќе изгубиш македонски гласови. Па ако е грдо лицето на Македонецот, што е важно, ќе дојдат и други избори, ќе дојдат и други политичари. Сега му е мајката да ги отвориме овие теми, вели Заев.
Заев обраќајки им се на гласачите Албанци, јавно се обврза дека повторно ќе го отвора Уставот. На прашањето дали имаат намера да го сменат Уставот ако сакаат тоа да биде граѓански, Заев одговори дека не исклучува оти тоа ќе се случи.
-Ние одиме со граѓански концепт. Со соодветно време кога ќе дојде потребата прагматично за таа работа тоа ќе се случи, рече Заев.
Заев со ова ги потрвдува неговите најави за двојазичност на целата територија, што наиде на огромен револт кај македонските граѓани, но и кај експертската јавност. Плааформата на Заев на овие избори меѓудругото се базира и на антимакедонски ставови, кои во континуитет со години ги спроведува најголемата опозициска партија на штета на македонскиот народ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Гевгеличанец три месеци демнел татко со три малолетни деца и сакал да оствари несакан контакт
-
Солопатување: Добри и лоши страни
-
Реал Мадрид тргнува по Вилијам Салиба
-
Трамп: Ја спасувам Украина, доколку војната со Русија продолжи таа брзо ќе биде уништена
-
Времето утре наутро посвежо, преку денот сончево и потопло
-
Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени во близина на Нов Зеланд
-
Кремљ го отфрли предлогот на Киев за 30-дневно примирје
-
Двајца битолчани украле бакарен кабел и други предмети во вредност од 2.970.000 денари