Македонија
29. April 2025 - 16:44

Двајца битолчани украле бакарен кабел и други предмети во вредност од 2.970.000 денари

СВР Битола поднесе кривична пријава против Ѓ.М.(36) и Д.К.(23), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.

На 26.05.2024 пријавените со употреба на физичка сила влегле во две хали на правен субјект во Битола и одзеле бакарен кабел од електрична инсталација и други предмети, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 2.970.000 денари.