Заев на средба со претставници на Google Jigsaw - поставена основа за развивање соработка

Премиерот Зоран Заев, се сретна со Џерад Коен, еден од првите луѓе на една од најразвиените светски компании Google Jigsaw.
Изразена е поддршка за промените што се случија во Македонија, што ги предводи новата Влада, како и за можностите за млади и за економски развој што ги отвора Владата.
Премиерот Заев ги претстави условите за инвестирање во Македонија.
- Со политиките на новата Влада, рече, ја отворивме Македонија за светот како и за младите и креативни луѓе кои сакаат да придонесат за економскиот развој на државата, но и ја гледаат нивната иднина во својата земја. Преку бизнис инкубаторите и старт ап центрите, фокусирани сме, како Влада, на поддршка на компании и поединци со иновативни идеи. Заинтересирани сме да ги поддржиме и добрите иницијативи во ИТ секторот и технологијата.
На средбата, претставници на Google Jigsaw што го придружуваа високиот претставник на компанијата, Џерад Коен, соопштија оценка од нивната скорешна посета на Македонија, дека земјата има млади креативни луѓе кои би можеле да придонесат во иновативниот, технолошкиот, ИТ сектор.
На состанокот се разговараше за идеи за соработка во Република Македонија. Поставена е основа за развивање на соработката.
Ново на Сител
-

Зголемено количеството на превезената стока во товарниот патен превоз
-

Просечната плата во септември 45.466 денари
-

Реализирано есенско порибување во Национален парк „Маврово"
-

Мицкоски: Суштината е во тоа да не оценуваат за реформите и чекорите, а не според билатералните прашања и спорови
-

ОЈО Кочани ќе вложи жалба за мерката куќен притвор за двајцата вработени во УЈП, кои се поврзуваат со постапката за корупција со клубот „Пулс“
-

Во завршна фаза целосната реконструкција на салата „Расадник“
-

Неколкумина повредени откако гризли мечка нападна деца од основно училиште во Канада
-

Вработен во ЈП „Комунална Хигиена“ Скопје физички го нападнал неговиот колега со тврд предмет
