Заев - Мицотакис: Договорот од Преспа донесе решенија кои значат пријателство, прогрес и економија
Премиерот Зоран Заев денеска оствари работна средба со грчкиот колега Киријакос Мицотакис во Владата во Атина. На средбата присуствуваа и вицепремиерите за европски и за економски прашања, Никола Димитров и Фатмир Битиќи.
Премиерите на двете земји констатираа напредок во досегашното спроведување на обврските од Договорот од Преспа од двете страни и изразија посветеност за целосна и непречена натамошна имплементација. Беше заклучено дека Договорот од Преспа донесе решенија кои значат пријателство, прогрес и економија.
Во однос на евроитеграциите на Македонија премиерот Мицотакис порача до премиерот Заев дека Грција секогаш ќе биде сојузник на кој граѓаните на Република Македонија можат да сметаат.
Заедничка беше констатацијата на премиерите дека Македонија не може и не смее да чека понатаму на европскиот пат и дека претпристапните преговори со ЕУ треба да почнат час поскоро.
Земјата покажа дека има сериозен капацитет да склучува и исполнува договори за пријателство, заклучија Мицотакис и Заев.
Дополнително на средбата беше подвлечено дека не е опција да се раздвојуваат Македонија и Албанија од аспект на почнување на процесот на преговори со ЕУ.
Поголем дел од состанокот премиерите на двете земји разговараа за искористување на потенцијалите за економска соработка, како и за деловните можности кои произлегуваат од соработката меѓу стопанските комори од двете земји. Премиерот Мицотакис истакна дека поради економски и геополитички причини Грција сериозно ја поздравува и поддржува одлуката на Македонија за инвестициите во гасните проекти Александруполи.
Во рамки на средбата, премиерот Мицотакис го извести премиерот Заев дека почнувајќи од утре, 14.5.2021 година, се отвора граничниот премин „Евзони“ за сите граѓани на Македонија кои имаат негативен ПЦР тест, писмен доказ за примени две дози вакцина против КОВИД-19 или позитивен резултат за антитела.
Ново на Сител
-
Нов топлотен бран во Македонија до средина на идната недела
-
Вработени на Клинички револтирани по најавите за поскап паркинг - Синдикатот бара итна средба со Алиу
-
Над 60 лица вработени во Флораком и Луна си ја бараат јунската плата - Денеска излегоа на протест
-
Последна опомена од Дурмиши до трговците
-
Српската Алта Банка на чекор до проширување во Македонија
-
Бранителите на Карпалак ја дадоа најголемата жртва за Македонија, ниту смееме, ниту можеме да ги заборавиме
-
Одобрен планот на Нетанјаху за контрола врз Газа - Странските лидери повикуваат да ја преиспита одлуката
-
Во Прилеп синоќа започна одбележувањето на годишнината од Карпалак