Македонија
27. August 2025 - 12:19

Волонтерите од струмичкиот Црвен крст собираат училишен прибор за децата од социјално ранливите семејства

Младите од Црвениот крст Струмица започнаа акција за достоинствен почеток на учебната година за децата од социјално загрозените семејства.

Хуманитарната акција е насочена кон собирање училишен прибор за ученици од основното образование, чии семејства не се во можност да ги обезбедат потребните материјали за новата учебна година.

Целта е секое дете да добие нов училишен ранец со комплетен прибор  прилагоден на возраста и образовните потреби. Листата на деца кои ќе бидат опфатени со акцијата се подготвува во координација со основните училишта.

Акцијата се реализираше пред неколку книжарници во градот , но и во просториите на Црвениот крст. Во нејзината организација и спроведување беа вклучени околу 20 малди волонетери .

Од Црвениот крст во Струмица информираат дека оваа активност ќе продолжи и во текот на септември со цел на секое дете да му се овозможи да има  достоинствен почеток  на новата учебна година.