Преглед на вестите од светот
Украинските власти официјално потврдија дека руските сили влегле во индустрискиот регион Днепропетровск, кој досега беше поштеден од интенвизни копнени борби. Селата Запоришке и Новогеоргијивка паднале под руска контрола.
Днепропетровск не е меѓу областите што Москва формално ги прогласи за анектирани. Соединетите држави се подготвени да воведат економски санкции за Русија ако одбие да се согласи на прекин на огнот предупреди Трамп.
Американскиот претседател не постави временски рок за спроведување на санкциите доколку војната во Украина не престане.
-Сакаме да заврши. Имаме економски санкции. Зборувам за економнски санкции затоа што нема да влеземе во светска војна. Тоа нема да биде светска војна, но ќе биде економска војна. Ќе биде лошо за Русија. И, не го сакам тоа. Зеленски не е баш невин. Потребни се двајца за танго, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Портпаролот на Кремљ, ,Дмитриј Песков возврати дека Русија сака да го реши конфликтот преку политички и дипломатски средства и ги пофали напорите на Трамп за постигување мир во Украина.
-Руската страна ја задржува својата решенот да го реши украинскиот конфликт, по можност со мирни политички и дипломатски средства. Ова секако бара реципроцитет од Украина. Ние високо ги цениме и се надеваме дека напорите за мировни мерки и медијаторските мерки од страна на претседателот на Соединетите Американски Држави ќе продолжат, изајви Дмитри Песков, портпарол на Кремљ.
Претседателот на САД Доналд Трамп од денска воведе царини од 50 отсто за поголемиот дел од американскиот увоз од Индија. Трамп ја оправда оваа мерка со обвинувањето дека Њу Делгхи преку купувањето на поевтина руска нафта, идиректно го финансира воениот ангажман на Русија во Украина.
Потегот ги остава индиските извозници соочени со меѓу највисоките американски царини што Трамп ги воведе за стоки од сранство. Најпогоденеите категории на производи се текстил, накит, спортка опрема, чевли, хемикалии и мебел.
-Треба да се обидеме да ги продаваме нашите производи во нашата земја колку што е можно повеќе, а ако треба да извезуваме, треба да се обратиме до други земји наместо до САД. На пример, Русија е добар пријател или дури и до земјите од Блискиот Исток, па затоа треба да извезуваме во овие земји. Сепак, не треба да се плашиме од царините што ги наметнуваат САД и треба да го задржиме нашиот став.“
-Мислам дека Индија е огромна економија сама по себе и ние генериравме толку многу произведени стоки. Мислам дека самодовербата е едно нешто што може повеќе да се доживее во Индија.
Инидските власти изјави дека земјата е неправедно издвоена поради нејзините трговски односи со Русија.
Тим инспектори од Меѓународната агенција за атомска енергија се врати во Иран за прват откако Иран ја прекина соработката со агенцијата по нападите на САД и ИЗарел врз иранските нукеларните објекти во јуни..
Оваа обновена соработка доага во време кога Иран и таканречената европска тројка Велика Британија, ФРанција и Гемранија се подготвуваат за нови разговори за спорната нуклеарната програма на Техеран. Западните земји и Изарел долго време го обнвуваат Иран дека има намера да развие нукеларно оружје, додека Техеран тврди нклеарата прогама има исклучиво мирољубиви цели.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар