Заев: Мерките во моментот ги даваат очекуваните резултати
Во однос на новите ковид мерките кои од вчера стапија на сила премиерот Заев вели дека во моментот тие мерки ги даваат очекуваните резултати.
- Мерките во моментот ги даваат очекуваните резултати. И прво замолувам за разбирање кај нашиот народ.
Секојпат кога нешто ограничувачки еве во угостителските објекти, на културни настани, ссеминари и сл. тоа е своевидно ограничување. Секој има право сам да определи дали ќе се вакцинира или не, но државата е должна да го заштити колективното здравје рече Заев во гостувањето во Тема на денот на ТВ Сител.
Премиерот вели дека најкритична состојба со Ковид-19 во моментот има во четири градови во земјава.
- Најкритични градови во моментов ни се Гостивар, Тетово, Куманово, Кичево за разлика од еден Охрид каде што 50% е процентот на вакцинација и во моментот има само 10 заразени. Во моментов од сите 491.170 вакцинирани со две дози имаме 0,002% на заразени од вакцинираните, додава Заев.
Ново на Сител
-
Нема оставка од антикорупционерката
-
Пандов се сомнева дека криминални банди му ја запалиле куќата
-
Вреди станува партија, Касами се споменува за лидер
-
Судиите бараат промена на состојбата во правосудството преку реформи , а не со оставки
-
Зоран Димитриевски, Татјана Дуковска и Маја Маркова избрани за врховни судии
-
Замрзнатите цени и маржи со половичен ефект, смета ССМ
-
ССМ утре на протест за повисоки плати, КСС ќе остане дома
-
Почна процесот на вработување на специјализанти