Заев: Македонските војници го отвораат патот на Македонија во НАТО
Македонските војници го отвораат патот кон полноправно членство на Македонија во НАТО, изјави денеска премиерот Зоран Заев на армискиот полигон Криволак, во рамките на денот за високите гости на вежбата „Dragoon Guardian 17“.
- Навистина е големо задоволството кога ќе видите нашата армија да учествува со армијата на САД на вежбовни активности кои навистина се имплементираат насекаде во светот, каде нашите војници заедно со војниците на САД и војниците од земјите од ЕУ се грижат за севкупниот мир во светот и чуваат така драгоцено нешто коешто се вика слобода, истакна премиерот.
Заев рече дека му претставува посебно задоволство што војниците на АРМ учествувајќи на вежбите го отвораат и патот на Република Македонија кон полноправното членство во НАТО.
Во Криволак, како што кажа премиерот, во иднина може да се развива инфраструктура за тренинг на македонските војници кои учествуваат во мисиите.
- Затоа Владата заедно со Парламентот размислува за унапредување на севкупниот буџет на нашата армија којашто и тоа како е многу важна прво за нас, но и за нашата севкупна подготвеност во мисиите и мировните мисии коишто армијата насекаде ги одржува во светот, додаде премиерот Заев.
Тоа што можеше да се види денеска во Криволак во два типа на вежбовни активности, Заев рече дека го прави горд што имаме ваква армија којашто заедно може да се носи рамо до рамо со професионалците од армијата на САД.
Заев изрази задоволство што вежбата се случува пред посетата на потпретседателот на САД Мајк Пенс на регионот.
- Ова само потврдува колку сме посветени кон интеграциите во НАТО. Јас ќе ја искористам приликата сигурно со потпретседателот да поразговарам за нашите идни планови, но да продолжам да ја барам поддршката од САД како и од другите земји членки на НАТО навистина конечно Република Македонија да го направи тој долгоочекуван чекор - полноправно членство во НАТО, рече премиерот одговарајќи на новинарско прашање.
Тој потенцира дека сите во светот знаат дека Македонија сака да соработува со сите земји, но нашето место е полноправно членство во НАТО и во Европската Унија. - Да нема дилеми, овие вежбовни активности испраќаат многу вредна порака а тоа е порака на соработка во обезбедувањето на севкупниот мир во светот и слободата за сите граѓани во светот, истакна премиерот Заев.
Според амбасадорот на САД Џес Бејли оваа вежба го покажува военото партнерство во акција каде американските и македонските војници работат на специфични воени вежби.
- Ова докажува дека нашите војници освен за акција се спремни и за хуманитарни акции. Оваа вежба не започна од овде од Криволак. Со серии на тренинзи започна во Германија каде што го правеа истото што и овде, потоа во Романија, Бугарија и Македонија. Ова е долг процес, но ова е тоа за што работат нашите воени партнерства. Овој вид активности можат да помогнат да се унапредат македонските аспирации за придружување кон НАТО, рече Бејли.
Вежбата започна на 28 овој месец и ќе трае до 10 август. Во текот на денешниот ден имаше демонстрација на активности, а целта е изработка на полетувачко-слетувачка патека на полигонот. Учествуваат 300 припадници на воените сили на САД и 95 припадници на АРМ.
Ново на Сител
-
Македонското дерби Еурофарм Пелистер - Вардар 1961 меѓу Топ 5 во Европа
-
Приведен кумановец затоа што бил затекнат при обид за кражба и во неговиот дом била пронајдена дрога
-
Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово, го оштетил буџетот на установата за 21.594.510 денари
-
Нуркачи ќе го чистат охридското езеро
-
Русија ги нападна Одеса и Харков пред најавеното примирје од Путин
-
Приведено лице од дебарско, управувал возило со 2,41 промили алкохол во крвта
-
Грк уапсен на ГП Богородица, поседувал 276 штеки цигари и 20 пакувања тутун без документација
-
Приведен грчки државјанин на ГП Табановце, во неговото возило е пронајдена марихуана