Македонија
5. May 2025 - 16:39
Претседателката: Обиди за бришење на македонскиот јазик во различни форми
Обиди за бришење на македонскиот јазик во различни форми. Силни пораки од државниот врв за обидите за загрозување македонскиот јазик, втор ден по ред.
Претседателката на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик алармираше дека поопасни од надворешните, се внатрешните негирања. Првенствено, намалување на значењето на службената употреба на македонскиот јазик во државата.
Академската фела како најголем предизвик за употребата на македонскиот стандарден јазик ја истакнува употребата на англизми.
На Свечената академија одбележувањето на 80-годишнината од кодифкацијата на македонскиот стандардeн јазик, која се одржа во МАНУ. присутни беа министри, научници, претставници на дипломатски кор, професори.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
-->
-->