Македонија
6. May 2025 - 13:33

Приведен кумановец затоа што бил затекнат при обид за кражба и во неговиот дом била пронајдена дрога

На 04.05.2025, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.С.(40) од Куманово.

Тој бил затекнат во сепарација во село Шупли Камен, кумановско, при обид да одземе предмети.

На 05.05.2025, со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени прашкаста материја и шприц исполнет со жолта материја.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.