Заев: Има придвижување напред за прашањето за името
- Премиерот Зоран Заев е оптимист по средбата во Виена меѓу министрите за шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција за решавање на спорот за името, бидејќи како што рече министрите ја отвориле душата и ги кажаа ставовите.
- Знаат што е возможно и знаат што не е возможно. Така што има придвижување напред. Се надевам дека министрите повторно ќе се видат, веројатно во Охрид на 11 и 12 април. Не знам дали е потврдена, знам дека е само план, но ќе направи сигурно дополнително поместување. Продолжуваме понатаму, месеците се пред нас. Убеден сум дека ако направиме напори, да водиме грижа за нашите партнери од Грција, како тоа што ќе го договориме ќе помине во институциите. Но, и тие да водат грижа за нас, како тоа што ќе го договориме да помине низ институциите пред се и пред граѓаните во Грција и Македонија. Тоа е начинот на решавање на проблемот, изјави Заев одговорајќи на новинарски прашања при денешната посета на Штип.
Тој верува дека ќе се најде решение кое ќе го сочува достоинството, идентитетот на двете земји.
Ново на Сител
-
Нови авио линии, поголем број на туристи
-
Преглед на вестите од светот
-
Изгоре куќата на Александар Пандов – директорот на управата за извршување санкции смета дека е подметнат
-
Протест во Скопје на родителите на загинатите во дискотека во Кочани
-
Кочани повод за нова интерпелација за Тошковски за 100 дена
-
Тема на денот со Гордан Георгиев, Форум за разумни политики
-
Во странство остануваат 28 повредени во трагедијата во Кочани - Турција ќе прими до 15 за долготрајна рехабилитација
-
На Македонија и се заканува епидемија од морбили - опфатот лани помал од 2023