Македонија
30. April 2025 - 12:22
Нови авио линии, поголем број на туристи
Охрид за првомајските празници се очекува да биде исполнет со гости како од земјава така и од нашето соседство.Градот забрзано се подоготвува и за летната сезона ,новите авио линии од охридскиот аеродром се очекува да озовможат подобра поврзаност со европските и светските дестинации со што дополнително ќе се зголеми бројот на туристи.
Според најавите охридскиот аеродром Свети Апостол Павле кој не е реконструиран откако е изграден ќе добие нова административна зграда и ќе се адаптира постојната терминална зграда.
Според експертите, подобрата поврзаност со странство е клучна за растот на економијата и подобрување на имиџот на земјата како атрактивна туристичка дестинација.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->