Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот Тетово – Попова Шапка
Од АМСМ информираа дека забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец Тетово – Попова Шапка. Укинати се забраните за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато и на патниот правец Гостивар – Маврово – Дебар и обратно.
Патниот правец од Крива Паланка кон ГП Голема Црцорија – Голеш, во длабина односно на околу 600 метри пред ГП поточно од селските гробишта во село Голема Црцорија, патот не е прооден од снежни наноси и навеви од снег.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија Пат. Слаб снег провејува во Ресен, Крушево и на планиските премини Ѓавато и Плетвар кој во мометотов не се задржува на коловозот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Ново на Сител
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ
-
Мицкоски: Обвинителството да открие зошто сум бил следен
-
СДСМ бара оставка од членката на антикорупциска Данка Ристовска поради судир на интереси
-
Тошковски: Не е утврдена вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме
-
Што сработе МВР во 2024
-
На вонредна седница на Влада ќе ги замрзнеме цените ако има нагло поскапување, рече Дурмиши
-
Со пакет од четири закони до департизација на јавниот сектор
-
Здравството пред колапс - Инфективна без доволно кадар