Забрана за камиони на Плетвар
Забрана за сообраќај на тешки моторни возила е воведена и на планинскиот премин Плетвар.
Поради снежни врнежни затворени се повеќе патни правци во земјава.
Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато и во зимски услови, по влажни коловози и со остатоци од снег по коловозите по интервенција на екипите на Македонија Пат, а дел од патните правци се делумно или целосно затворени за сообраќај.
Забрани од утрово од 04:45 часот има на автопат Велес-Скопје од наплатна станица „Отовица“ до Кула каде има заглавено повеќе возила. Сообраќајот е во прекин на регионален пат Тетово - Јажинце кај село Јажинце поради обилни врнежи од снег. Од утрово од 6 часот во прекин е сообраќајот на магистралниот пат А-3 Штип -Кочани поточно од село Крупиште до бензиска пумпа „Ваго“ поради чистење на снежни наноси. Затворен за сите видови патнички товарни возила е патниот правец од Штипска петља до Катланово
Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Стража, Маврово, Пресека, Ѓавато, Буково, Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, Струга – Ќафасан, Катланово - Велес и обратно.
Сообраќајот на патниот правец Скопје - Велес, кој синоќа беше во прекин, е нормализиран само за патнички возила по една коловозна лента.
Од АМСМ препорачуваат исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е помала појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Д. Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
Исто така, се предупредуваат возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Во пресрет на студениот бран што ја зафати земјава и ќе трае неколку дена се препорачува до граѓаните да не патуваат и да не излегуваат од дома доколку немаат поголема потреба. Да носат топла облека, да конзумираат топли напитоци и доколку треба да работат на отворено тоа да го прават со паузи.
Ново на Сител
-
Петти ден кампања во албанскиот политички блок
-
Предизборни активности на помалите партии
-
Кампања за локални избори 5. Ден: Каков градоначалник сакаат скопјани?
-
Милионски долг предизвика кавга меѓу директорот на ЈСП и приватните превозници
-
Клековски: Ако не реагираме сега, Македонија ќе се соочи со сериозен недостиг на матични лекари за 10-15 години
-
Политичарите да не ги чуваат во фиока препораките од научната фела
-
„Текстилијада 2025“- проблеми во текстилниот сектор
-
Од понеделник приватните автобуси со редуциран возен ред