Македонија
3. October 2025 - 12:59

Три лица фатени при нелегален транспорт на огревно дрво

Три лица, меѓу кои еден малолетник затекнала струшката полиција при нелегален транспорт на огревно дрво на локален пат помеѓу селата Требеништа и Мислешево.

СВР Охрид денеска соопшти дека на 02/03 октомври во атар на струшкото село Мислешево, полициски службеници од ОВР Струга ги привеле Н.Т.(37) и К.Ѓ.(31), а на службен разговор во присуство на родител повикан бил 15 – годишник, сите од село Мислешево. 

- Тие се затекнати на локален пат помеѓу селата Требеништа и Мислешево при нелегален транспорт на огревно дрво со возило „мицубиши паџеро“ без регистарски таблички, кое го управувал Н.Т.. Откако ги забележал полициските службеници ја зголемил брзината, но набргу го запрел возилото и тројцата се обиделе да побегнат, но биле фатени, стои во информацијата на СВР Охрид. 

По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветни пријави.