За седум дена починале 105 пациенти со ковид, од нив 26 биле вакцинирани
Министерството за здравство неделно ќе ја информира јавноста за починати лица со Ковид 19 кои биле комплетно вакцинирани, какви хронични заболувања имале починатите и колку од починатите со каков тип вакцина биле вакцинирани. За комплетно вакцинирани се сметаат лицата кои примиле две дози вакцина, а од ревакцинацијата поминале повеќе од 14 дена.
Во период од 08.10-14.10.2021, починале 105 пациенти со Ковид 19, од нив над 75 % биле невакцинирани. Од вкупно починатите пациенти во период од 8.10 до 14.10, само 26 пациенти починати со Ковид 19, биле вакцинирани. Само еден од починатите пациенти немал хронично заболување и имал 80 години.
Двајца пациенти се вакцинирани со вакцината на Фајзер. Тројца со вакцина Астра Зенека, четири починати пациенти со Ковид 19, примиле вакцина Синовак, а 17 пациенти примиле вакцина од производителот Синофарм.
Министерството за здравство во продолжение ве информира за возраста и хроничните заболувања што ги имале 26 те пациенти, кои починале со ковид.
8 октомври
Пријавени за починати 16 пациенти со Ковид 19, 5 од починатите биле вакцинирани:
84 год. кардиолошко заболување
62 год. кардиолошко заболување
78 год. кардиолошко заболување
63 год. кардиолошко заболување и дијабет
73 год. кардиолошко заболување и дијабет
9 октомври
Пријавени за починати се 18 пациенти, само 1 од пациентите бил вакциниран. Пациентот имал 80 години и имал две хронични заболувања дијабет и кардиолошко заболување.
10 октомври
14 пациенти пријавени за починати, од нив 3 вакцинирани.
64 год. кардиолошко и малигно заболување
59 год. со кардиолошко заболување
68 год. кардиолошко заболување и дијабет
11 октомври
18 пациенти пријавени за починати од нив 6 вакцинирани:
72 год. кардиолошка и белодробна болест
69 год кардиолошка болест
81 год кардиолошка болест и дијабет
76 год кардиолошка болест
64 год белодробно заболување
56 год кардиолошко заболување
12 октомври
6 пријавени за починати, само 1 вакциниран пациент на 80 години - нема хронично заболување;
13 октомври
20 пријавени за починати, 8 вакцинирани:
61 год. кардиолошко заболување и хипотироидизам
80 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет
77 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет
48 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет
72 год. кардиолошко заболување, дијабет и бубрежно заболување
77 год. кардиолошко и белодробно заболување
78 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет
71 год. кардиолошко заболување
14 октомври
13 пријавени за починати, 4 вакцинирани:
75 год. крдиолошко заболување
74 год. кардиолошко заболување и дијабет
64 год. кардиолошко заболување и дијабет
77 год. невромускуларно заболување
Ново на Сител
-

Бран протести низ Бугарија: Како одговор на граѓанскиот гнев предлог-буџетот е повлечен, но притисокот за предвремени избори продолжува
-

Руте: Само Трамп може да го надмине ќорсокакот во војната во Украина
-

Приведен дрвокрадец од село Мартолци, Општина Чашка
-

1300 евра казна за камиони кои со кал на гумите се вклучувале во сообраќај од градилиште во Аеродром
-

Од 110.000 на 50.652 – бројката на регистрирани сообраќајни прекршоци преполовена за еден ден
-

Стевче Трпковски нов директор на „Дрисла“, Владимир Кроневски на „Градски паркинг“
-

Еве како се шверцуваат цигари во камиони на ГП Ново Село | ВИДЕО
-

Дечињата од кикбокс клубот Fight Gym M4 со 9 медали на „PHX CUP Germany 2025“
