За килограм бакар, онеспособиле пет канделабри во Кавадарци
За килограм бакар, непознати лица онеспособиле пет канделабри од уличното осветлување во Кавадарци. За оваа кражба од синоќа, денеска информираа од Службата за односи со јавноста при кавадаречката општина.
Оштетувањето и кражбата на главен доводен кабел биле извршени на улицата „Страшо Пинџур„ кај таканаречените „Ваташки згради”. Оштетен бил и подземниот кабел за улично осветлување во урбаната заедница „Слога“, кај Народната кујна.
-Направена е голема материјална штета, а до санирањето на состојбите на терен, ова подрачје ке остане без струја навечер. Локалната самоуправа ќе изврши интервенција и уличните светилки поворно ќе бидат ставени во фунција, но со надземни водови, со што ќе биде нагрден овој реон, соопштија од Службата за информирање при општината.
Оттаму информираа дека според жителите кои живеат во околината, ова не е прва и единствена ваква кражба. Досега биле забележани повеќе насилни влегувања и штети особено во гаражите и другите станбени објекти во овој дел на градот, лево од улицата „Страшо Пинџур“, каде крадците „оперирале“ особено во ноќните часови.
Најновата кражба и оштетувањето на уличното осветлување, биле пријавени кај соодветните служби.
Ново на Сител
-
Академската фела: Не се применува новиот закон за македонски јазик
-
Посмртните останки на Митрополитот Тимотеј изложени за проштално збогум
-
Преглед на вестите од светот
-
Делегација на ЕУ донира 6 еколошки автобуси на ЈСП
-
Владата очекува конструктивна средба Сиљановска-Филипче
-
80 години од прогласувањето на македонскиот јазик како службен
-
„Мојот антикорупциски дневник“ - Младите против корупцијата преку едукација и отпорност
-
Хотелиерите оптимисти околу изградбата на автопатот