Вулкан во Етиопија еруптира по 10.000 години, пепел се издигна до 15 километри во височина

Вулканот Хаили Губи во североисточна Етиопија еруптираше по повеќе од 10.000 години мирување, при што силната експлозија исфрли облак пепел на височина до околу 15 километри, соопшти ВулканоДисковери (VolcanoDiscovery).
Според порталот, значајната нова ерупција започнала во саботата на еден од помалку познатите вулкани во планинскиот венец Ерта Але, во регионот Данакил. Вулканот Хаили Губи, сместен околу 15 километри југоисточно од континуирано активниот и познат вулкан Ерта Але, експлозивно еруптирал, создавајќи голем облак пепел кој се издигнал до 15 километри и се проширил над делови од југозападниот дел на Арапскиот Полуостров.
Сателитските снимки покажаа дека ерупцијата ослободила облак сулфур-диоксид (SO₂).
ВулканоДисковери наведува дека засега нема повеќе детали бидејќи областа е тешко пристапна и оддалечена од населени места, а главен извор на информации се сателитските податоци.
Етиопската телевизија FMC ја потврди вулканската активност во регионот Ерта Але. Според очевидци, експлозијата што ја придружувала ерупцијата била невообичаено силна – и по интензитет и по звук.
MИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешен претседател на ДКСК
-

Неделава конечно ќе се објават имињата што ќе го заменат Меџити во Владата
-

Реформи во судството
-

Аца Лукас обвинува за политичко приведување: Ако било нерегуларно требаше да не дозволат да се случи настапот
-

АХВ спречи увоз на над 20 тони небезбеден помфрит од Холандија - рокот на употреба му поминал пред 6 месеци
-

Граѓаните ги чекаат парите од Мој ДДВ, од власта најавија дека ќе ги добијат до крајот на месецот
-

Ресен се справува со штетите од поплавите
-

Со новите авиолинии до пораст на туристите
