Вучиќ: Ќе имаме разговори за санкции против НИС и со Американците и со Русите
Српскиот претседател Александар Вучиќ по синоќешниот состанок со претставници на Безбедносно-разузнавачката агенција (БИА) за информациите дека САД и други земји ќе воведат санкции за Нафтената индустрија на Србија (НИС), најави дека веќе денеска „ќе започне разговори со Американците, Русите и сите други.
„На средбата со БИА разговаравме за тоа што успеавме да добиеме како официјална информација дека ќе бидат воведени санкции кон НИС од страна на САД и некои други земји и како и на кој начин треба да се однесуваме, како да се однесуваме и да обезбедиме сигурност за граѓаните на Србија“, објави тој на Инстаграм.
„Ќе постапиме соодветно и штом утре ќе започнеме разговори со Американците, Русите и сите останати“, рече Вучиќ во видео обраќањето.
Тој наведе дека тема на средбата биле и „хибридните закани за земјата“, и дека „потребно е единство повеќе од кога било“ и побара од студентите и професорите да се вратат во училниците.
„Разговаравме и за хибридни закани за нашата земја и затоа сакам да кажам дека на Србија и треба единство повеќе од кога било. . .
Го замолувам сите наши студенти и нивните професори да се вратат во училниците, амфитеатрите, да го направат тоа што е нивна одговорност и нивна обврска. Имаа барања, барањата се исполнети“.
Ново на Сител
-
МВР ја објави кривичната пријава, Ковачевски осомничен за злоупотреба на 140.000 евра
-
Груби недостапен, Судот му одреди 30 дена притвор
-
Политички рекации
-
Ѓурчевски: Во МВР отсекогаш постоеле „кртови“, но денеска е полесно да се пронајдат
-
Таткото на починатото седуммесечно бебе: Го чуваш, го негуваш и за пет дена веќе го нема!
-
Бугарија со предупредување до ЕУ: Прво уставни измени, па интеграција на Македонија
-
Азески: Да се игра внимателно за помали последици од германската економија
-
Најголем дел од Скопје ќе остане без вода: Затворањето на главниот цевковод почнува во петок