Вучиќ: Јас сум заменлив, но за да се случи тоа опозицијата треба да победи на изборите
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека е заменлив, но за да се случи тоа опозицијата треба да победи на изборите.
Тој рече дека никој нема да ја преземе власта на улица додека не победи на избори.
„Политичката криза беше запрена на избирачките места. Народот политичките проблеми ги решава на избори и тоа е начинот на кој се решава криза. Ова е очајнички обид да се избегне одговорност за лошите резултати“, рече Вучиќ во гостувањето на телевизија „Прва“.
Тој додаде дека претставниците на листата „Србија против насилството“ се убедувале себеси и ги лажеле своите симпатизери дека ќе победат на изборите во Белград.
„Тие се убедуваа себеси дека им е редот да бидат на власт затоа што им се може. Никогаш не ги признаа изборите, ниту една година, затоа што мислат дека не можат да загубат, а ги потпишаа сите записници од избирачките места“, изјави Вучиќ.
Претседателот на Србија наведе дека студентите кои протестираат барајќи да се отвори избирачкиот список се неинформирани, бидејќи „избирачкиот список е јавно достапен“.
„Не живеам за честитки, туку за она за што ќе се зборува за 20, 30, 40 години“, заклучи Вучиќ.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК го усвои упатството за помал број на советнички места во дел од општините
-
Левица најави кандидат за Скопје - Партиите со заострена реторика за локалните избори
-
Николоски тврди: ЕУ ги пролонгира новите правила за влез и излез за македонските граѓани
-
Само 4ИГ достави понуда на тендерот за 3 мобилен оператор
-
Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати
-
Владата најавува системско решение за Ѓавато и Дојранското Езеро
-
Дали Стоматолошката комора работела незаконски ќе испитува Обвинителството