Врнежите ќе ги зголемат водостоите, не се очекуваат излевања
Управата за хидрометеоролошки работи очекува ноќеска и во тек на утрешниот ден да има пораст на водостоите од врнежите од дожд и снег кои продолжуваат и во вечерните часови.
- Според очекуваните количини на воден талог, појавата на снег и умерениот интензитет, врнежите не се очекува да предизвикаат поројни истекувања, па соодветно на тоа не се очекува да има појава на излевања од речните корита, со исклучок на некои помали водотеци каде има појава на засипани корита, укажува УХМР.
Сепак предупредува на внимателно движење покрај реките и суводолиците на веќе познатите критични места, односно во сливовите на реките Треска (горен тек со притоките), Црна Река (горен тек со притоките), притоките на Вардар горен тек, реките околу Баба Планина, Ниџе, Кожув, Бабуна.
Ново на Сител
-
СДСМ: Вистината за „Онкологија“ излезе на виделина
-
Наставник во средно училиште во Чаир нападнат од свој поранешен ученик
-
Тетовчанец, управител на приватна фирма, измамен за сума од 145.360 долари
-
Потешкотии во мобилната телефонија на А1
-
Едно лице почина откако со товарно возило излетало од патот и се забило во заштитна ограда
-
27-годишен кавадарчанец физички ја нападнал својата баба
-
Откриен идентитетот на двете жртви од вчерашната сообраќајна несреќа
-
Претрес во Битола, пронајдена марихуана